381
На две менувачници ќе им биде одземена лиценцата, а оние менувачници кои ја прекршиле регулативата, ќе бидат санкционирани со парични казни, изјави вечерва гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.
Според неа, со контролата која била изведена во минатите две недели во однос на работата, биле опфатени 63, 64 менувачници и кај една четвртина од нив се забележани законски неусогласености во работењето.
-По финализирање на записниците ќе следи прекршочна постапка, а во два случаи ќе следи и одземање на дозвола, рече Бежоска во емисијата „Топ тема“ и потсети дека Народната банка донесе мерка со која им се дозволува на менувачниците доколку немаат евра, да набават од страна на банките.