Триесетдневен притвор за Зеќири

од Nikola Popovski
246 прегледи

Судија од Кривичниот суд одлучи да му одреди 30-дневен притвор на поранешниот генсек во Владата, Мухамед Зеќири и со тоа го прифати барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 став 1, точки 1,2 и 3 од Законот за кривична постапка (ЗКП)“, соопштија од Кривичниот суд.

Зеќири е однесен во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, со полициско возило кое излезе од гаражата на судската зграда.

Обвинителството го сомничи генералниот секретар оти во периодот од април 2021 до јануари 2022 г., без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма кој бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

Слични содржини