Меган Маркл се обидува да го заштити зборот „архетипови“ откако објави дека нејзината прва серија на подкасти за „Spotify“ ќе се вика така.
Војвотката од Сасекс минатиот месец поднела петиција до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД за да ја покрие употребата на „архетипови“, збор што доаѓа од старогрчки и првпат влезе во англиска употреба во раните 1540-ти.
Пријавата е создадена од Archive Audio, една од 11-те компании основани од принцот Хари и Меган, со седиште во даночниот рај Делавер. Тоа ќе значи дека тие двајца ќе бидат сопсвеници на заштитниот знак, а не Spotify, кој им платил 18 милиони долари за подкаст во 2020 година.
Оваа вест ги налути британските медиуми.
– Меган се обидува да го заштити зборот „архетипови“, војвотката сака да спречи некој друг да го користи зборот што првпат се појавил на англиски пред 470 години – откако решила да го користи како наслов на нејзиниот подкаст Spotify – пишуваат британските медиуми, кои ги осудија нејзините постапки.