ВМРО-ДПМНЕ е партија која е симбол за криминал и корупција и таа најмалку е повикана да обвинува било кого. Бројните судски процеси којшто и сега се водат против нивните функционерите, дури и нивните признанија во неколку судски процеси се најдобра потврда за тоа, рече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Според неа има огромна разлика од времето на режимот кога институциите, судството и обвинителството биле под контрола на ВМРО-ДПМНЕ кои наместо да гонат, штителе криминал.
-На никој не му паѓаше на памет да понесе одговорност, ниту пак да да поднесе оставка, тоа денес веќе не е така, додава таа.
Таа соопштува дека СДСМ ги овозможува сите услови за да правосудните органи работат слободно
-Нивна задача е низ транспрарентни постапки да утврдат дали некој ја злоупотребил својата позиција и согласно доказите кои ги имаат да започнат постапка или не. Секој треба да ја понесе својата одговорност без разлика на која позиција се наоѓа и токму во ова време во кое СДСМ владее ги создаваме сите услови за да владее правото, вели Николовска.