Стојановски: Велеа нема да сечат, а Тимчо и Данела направија масакар на дрвја во Аеродром

од Маја Анчевска
224 прегледи

Додека секојдневно Муцунски и Данела Арсовска се полни со зборови за зголемување на зеленилото во општина Аеродром и градот Скопје, делата покажуваат сосема поинаква состојба на терен. Се наоѓаме на улицата „Васко Карангеловски“ каде вчера се случи масовна сеча на високостеблести зелени дрва,  вели Антонио Стојановски од СДММ Аеродром.

СДСМ  потсетува дека пред локалните избори градоначалникот Муцунски ветил пред граѓаните дека ќе се спротивставува на секоја сеча на дрва во градот и општината.

-Од тука прашуваме каде беше вчера градоначалникот Муцунски да го штити зеленилото и да ги поддржи граѓаните во нивните спротивставувања на сечата на овие дрва, впрочем како што ветуваше токму од овде пред локалните избори. Зошто свесно ги лажеше граѓаните на општина Аеродром, градоначалникот Тимчо Муцунски?

Тие потенцираат дека и Арсовска ветила дека нема да се сечат дрвата.

– Исто како и Муцунски, и градоначалничката Аросвска пред локалните избори ветуваше дека нема на ниту едно место во градот повеќе да се сечат дрва и дека на тоа остро ќе се спротивставувала. Каде беше вчера и градоначалничката Арсовска да ја запре сечата на овие дрва?, прашува Антонио Стојановски.

СДСМ категорични дека ова е само дел од она што Муцунски го направил за само 6 месеци од неговиот мандат.

– Муцунски исто така ја лажеше јавноста пред локалните избори дека наводно ќе изврши бришења на градежни маркици, а денес гледаме дека воопшто нема таква намера. Вети транспарентна општина, а распиша оглас за вработување на партиски кадри. Општина Аеродром и нејзините граѓани не заслужуваат ваков градоначалник кој работи против интересите на граѓаните, соопштуваат од СДСМ.