СДСМ: Мицкоски ги исполнува насоките и задачите од Никола Груевски

од Маја Анчевска
197 прегледи

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со штетата врз државните интереси, тие се познати по туширање и фалсификување Државните позиции во однос на разговорите со Бугарија се јасни, потврдени и со Резолуција во македонското Собрание и Христијан Мицкоски треба да престане со своите неодговорни изјави да и предизвикува штета на македонската позиција и на државниот интерес, соопштуваат од СДСМ.

СДСМ посочува дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски не прифатиле учество во работните групи.

Фактите се познати на јавноста, туширања и фалсификувања се одлика на неговата ВМРО-ДПМНЕ и режимот кој 11 години фалсификуваше историски факти, наметнуваше антички корења, носеше Хунзи и го поткопуваше македонскиот национален идентитет. Дури и волјата на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификуваше, додаваат од СДСМ.

Според  СДСМ срамно и крајно неодговорно е  однесувањето на Христијан Мицкоски,  кој  според нив са бара начини да ги поткопа државните позиции.

– Очигледно Мицкоски ревносно ги исполнува насоките и задачите од Никола Груевски, соопштува СДСМ.