Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата изјави дека руската агресија никогаш не била ограничена само на Украина и ја таргетирала цела Европа, повикувајќи го Западот да воведе целосно ембарго на руската енергија и да и достави на Украина повеќе оружје.
Во говорот доцна во саботата навечер, Зеленски рече дека употребата на сила од Русија е „катастрофа што неизбежно ќе ги погоди сите“.
„Намерите на руската агресија не се ограничени само на Украина. Целиот европски проект е цел на Русија“, изјави украинскиот претседател, кој во саботата во Киев го посети британскиот премиер Борис Џонсон.