Во неколку наврати имам кажано дека сум човек којшто верува во целта, меѓутоа и работи да ја оствари таа цел, изјави премиерот Димитар Ковачевски за МИА.
-Ние уште на почетокот на мандатот на оваа Влада и тоа на првиот работен ден практично имавме средба со премиерот на Бугарија и потоа отпочнавме процес на формирање на работни групи, во различни области од економија, инфраструткура, култура, образование, европски интеграции, коишто значат многу за деловната заедница, за образовната заедница и воопшто за сите граѓани на теми коишто гледаат кон иднината, коишто го подобруваат и работењето во соработката помеѓу граѓаните и помеѓу институциите на двете држави. Министерствата за надворешни работи работат на политичките прашања. Меѓутоа во моментов, како и во изминатиот период процесот е на ниво на размена на идеи и сѐ уште не постои заемно прифатлив документ, којшто би можел да биде споделен за одобрување во двете држави на ниво на институции коишто тоа треба да го направат, истакна Ковачевски.