Скопје и Софија продолжуваат со интензивни разговори, наскоро очекуваме конкретни резултати

од Берта Китинска
196 прегледи

Скопје и Софија продолжуваат со интензивни разговори во рамки на работните групи со цел подобрување на соработката помеѓу граѓаните и институциите на двете држави, но процесот засега е ниво на размена на идеи и сѐ уште не постои заемено прифатлив документ.

– Ние сме во период на многу интензивни разговори со Северна Македонија. Новата бугарска влада формираше 10 работни групи кои работат за заеднички интерес и очекуваме наскоро да постигнат конкретни резултати. Претседателот Мета беше во официјална посета на Софија каде што бугарскиот претседател ја истакна безусловната поддршка на Бугарија за интеграцијата на Република Албанија, изјави бугарскиот амбасадор во Тирана, Момчил Рајчевски, во однос на тоа дали Бугарија ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

Тој посочи дека неговата земја била и ќе остане еден од најактивните поддржувачи на европското проширување.

– Што ќе бара Албанија е одлука на Република Албанија. Не можам да коментирам кога станува збор за условите, но повторно велам дека Албанија си ја заврши својата работата, рече бугарскиот амбасадор, додавајќи дека не сака да ја коментира најавата на премиерот Еди Рама дека Албанија од ЕУ ќе побара одвојување од Северна Македонија во интегративниот процес.

На прашањето дали со оглед на војна во Украина, ЕУ треба да направи повеќе за Западниот Балкан, Рајчевски рече дека Унијата веќе прави многу, но смета дека „најважно во моментов е сите да се фокусираат на завршување на војната“.

Слични содржини