Го почитувам синдикалното право на штрајк, но тој треба да биде крајна одлука и последен чекор.Ќе повикам во најбрз можен рок да најдеме заеднички договор на овие проблеми и наставата да продолжи, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со штрајкот на СОНК.
-Има одвивање на наставата, а тие што штрајкуваат се во посебна просторија.Мислам дека во ваква ситуација се училиштата во повеќе градови во нашата земја. Иако ќе треба да ги потврдам, информациите кои доаѓаат од некои градови кадешто имаат и ученици кои сакаат да влезат во училиштата и вработени, но исто така има и директори кои кажуваат дека се имаат одлучено за генерален шртрајк и ги немаат пуштено внатре во училиштата – изјави Шаќири
Тој информираше дека дека МОН е во комуникација со директори на сите основни и средни за тоа дали и како се одвива наставата и колку се вклучени во штрајкот, додавајќи дека по 14 часот односно по почетокот на втората смена во училиштата, ќе имаат информации за вклученост во штрајкот.