По катастрофалната сезона, Лејкерси го отпуштија Вогел

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Френк Вогел му го донесе шампионскиот прстен на славниот НБА тим Лос Анџелес Лејкерс во сезоната 2019/20, но тимот е далеку од титулата во последните две години, па управата реши да му врачи отказ.

Минатиот пат Лејкерси беа сопрени во првото коло од плеј-офот, од Феникс, а актуелните мега ѕвезди Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Расел Вестбрук, Кармело Ентони и други не стигнаа ни до плејофот за клучниот дел од најсилното кошаркарско првенство во светот, што е недозволиво промашување за ваков квалитетен и скап состав.

Како олеснителна околност не беа земени предвид ниту повредите на значајни личности, па веќе е започната потрагата по наследникот на Вогел.

Згора на тоа, добро информирани избори тврдат дека клубот со недели ја анализира понудата на тренерскиот пазар и ја избира најдобрата опција за своите амбиции и можности.

Слични содржини