298
Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман коментираше зошто Лерој Сане во последно време не е во оптимална форма.
„Навистина ми се допаѓа Лерој како личност и како играч. Сите знаат дека тој има неверојатни квалитети. Тој е самокритичен и знае дека не игра многу добро во последно време. Зошто? Не знам “, рече Нагелсман.
26-годишниот фудбалер во досегашниот дел од сезоната има 14 гола и 15 асистенции во сите натпреварувања. Сепак, тој не беше стартер против Виљареал во првото четвртфинале од Лигата на шампионите.