Блинкен за црната листа на САД: Лицата ја загрозуваат европската интеграција на регионот

од Nikola Popovski
326 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес соопшти дека Стејт Департментот и Министерството за финансии на САД презеле одредени санкции за некои актери од Западен Балкан поради дестабилизирачки и коруптивни активности.

-САД и партнерите како Обединетото Кралство бараат одговорност од оние кои ја загрозуваат стабилноста, напредокот и европската интеграција на регионот, објави Блинкен на Твитер после објавените санкции.

Американското Министерство за финансии објави соопштение во кое истакна дека воведени се санкции за поединци од Западен Балкан, меѓу кои се најдоа поранешниот македонски премиер Никола Груевски и поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков. Тие објаснуваат дека овие луѓе од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија претставуваат сериозна закана за регионалната стабилност и довербата во институциите. Санкциите го блокираат целиот имот на овие лица во САД и ги спречуваат американските граѓани да се вклучат во трансакции со нив.

Велика Британија денеска воведе санкции за Милорад Додик, член на Претседателството на Босна и Херцеговина и Жељка Цвијановиќ, претседателка на Република Српска, поради обид за нарушување на легитимитетот и функционалноста на државата Босна и Херцеговина, стои во соопштението од Владата во Лондон.

Слични содржини