Никој не е недопирлив, вели Талески за обвинението против Зеќири

од Nikola Popovski
283 прегледи

Пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талески смета дека апсолутно се покажа дека никој од власта не се меша во правосудните органи.

-Мораме да ја почитуваме презумцијата на невиност и обвинителството да докаже дали има злоупотреба. Пред неколку години големи релевантни меѓународни фактори ја споредуваа нашата земја како заробена држава. Сега има пример дека законите важат за секого и мора да биде така. Борбата против корупцијата го загрозува општеството, но се покажа дека никој не е недопирлив и дали злоупотребил. Излегувањето со паушални обвинувања го загрозува процесот. Правосудните органи да си ја работат својата работа и да ги решат случаите, вели Милевски за обвинението против поранешниот генсек на Влада, Мухамед Зеќири за проневерата на државни пари.

Слични содржини