Очигледно фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен ќе го смени сопственикот по завршувањето на Светското првенство во фудбал кое во ноември и декември ќе се одржи во Катар.
Според спортскиот новинар на шпанскиот портал Ел Чирингито, Еду Агире, управата на парискиот клуб на чело со Насер ел Хелаифи наводно веќе донела одлука по 11 години да се повлече од францускиот гигант.
Инвестициски фонд од Катар на чело со Ел Келаифи го купи ПСЖ во 2011 година, по што клубот направи голем број бомбастични трансфери и освои седум титули француски шампиони, шест трофеи во Купот на Франција, додека во Лигата на шампионите играа во финалето само еднаш, во сезоната 2019/2020, кога беа поразени од Баерн Минхен со 1:0.
Сезонава ПСЖ загуби од Реал Мадрид во елитното натпреварување во осминафиналето откако првиот натпревар го доби со 1:0, а вториот го загуби со 3:1.
Иако информацијата (сеуште) не е потврдена од порелевантни извори, Агире направи хаос на социјалните мрежи, а дека „под неговиот потенцијален чад има пожар“ потврдуваат и зборовите на самиот Ел Келаифи, кој за „L’Equipe“ неодамна изјави дека „има луѓе заинтересирани да го купат ПСЖ во наредните години“.
Треба да почекаме и да видиме дали „години“ всушност значи „месеци“.
💣 EXCLUSIVA DE @EduAguirre7 💣
🚨 "CATAR ha DECIDIDO VENDER el PSG" 🚨
🔥 "AL KHELAIFI quedaría FUERA tras el MUNDIAL y serían OTRAS MANOS las que gestionarían el CLUB" pic.twitter.com/Vc0BcqUm6C
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 11, 2022