Рускиот опозиционер Кара-Мурза уапсен во Москва

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Истакнатиот руски опозициски политичар Владимир Кара-Мурза беше уапсен во понеделникот пред неговата куќа во Москва.

Нему му е одредена мерка притвор во текот на ноќта, изјави неговиот адвокат Вадим Прохоров, пренесе Хина, повикувајќи се на ДПА.

Тој е обвинет за непочитување на законските наредби на полицајци, војници и службеници на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

За делото е предвидена затворска казна до 15 дена.

Истакнатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека двапати преживеал мистериозно труење, за што ја обвини руската тајна служба.

Според истражувањето спроведено од групата Bellingcat, Кара-Мурза го следеле агенти на руската тајна служба ФСБ, кои се осомничени дека се вмешани во труењето на рускиот дисидент Алексеј Навални.

Слични содржини