ЕУ ја осуди затворската казна за рускиот опозиционер Кара-Мурза

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија денеска остро ја осуди пресудата на московскиот суд со којa опозицискиот политичар, активист и отворен критичар на Кремљ, Владимир Кара-Мурза, го осуди на 25 години затвор по, како што се наведува, политички мотивирани обвиненија.

Во соопштението на Европската служба за надворешни работи се наведува дека одлуката на судот јасно ја покажува политичката злоупотреба на судството, со цел да се зголеми притисокот врз оние кои се против војната во Украина.

Се нагласува дека судењето на Кара-Мурза не ги исполнувало меѓународните стандарди, како и дека судските рочишта биле недостапни за набљудувачите.

Слични содржини