Напишани 108 казни за непропуштање пешаци

од Берта Китинска
276 прегледи

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден (11.04.2022) во периодот од 08.00 до 13.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 108 возачи. Од нив 35 на територија на СВР Тетово, 28 на територија на СВР Скопје…

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

МВР апелира и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.