Спасовски за убиството на Тот: Полицијата располага со видео-снимка на која се гледа како се одвива настанот

од Берта Китинска
261 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги отфрла сите шпекулации за наводно покривање на случај со убиството на ракометар Денис Тот.

-Веднаш после добивање на информацијата која не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир за тепачка и.т.н туку е добиена од Клиничкиот центар во Скопје. Нашите екипи се излезени во клинички и започнува истражните дејствија. Во ниту еден момент немаме запирање се до моментот на целосно расчистување на случајот а тоа е со поднесување пријави“, вели Спасовски.

Сите лица кои се во интерес на истрагата се повикани на разговор.

-Полицијата располага со видео-снимка на која што детално се гледа како се одвива настанот. Но кој бил мотивот за нападот, тоа треба да го докаже истражниот орган, вели Спасовски.

Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, минатата недела до смрт претепан беше ракометарот Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор. Првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски е во бегство и истражните органи петти ден не откриваат дали ја напуштил државата или е во земјава.