Димовски е новиот генерален секретар на Владата

од Берта Китинска
246 прегледи

Методија Димовски е новиот генерален секретар на Владата, дознаваме од свои извори.

Димовски беше член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштита на здравје на луѓето.Тој доаѓа на местото на Мухамед Зеќири кој си даде оставка откако за него е покренато обвинение за злоупотреба на службена положба.

Зеќири е од петокот во Истражниот затвор во Шутка, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството – да му биде одреден притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците.

Адвокатот на Зеќири рече дека во жалбата ги побива сите основите за одредување на притворот.

Хрватските државјани опфатени во истрагата на Обвинителството за организиран криминал се уште се недостапни за органите на прогонот. Надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ кажа дека според оперативните сознанија од МВР, тие ја напуштиле државава.

Слични содржини