Ѓукановиќ: С.Македонија направи жртва со Преспанскиот договор, но за жал денеска се соочува со нова опструкција на патот кон ЕУ

од Берта Китинска
218 прегледи

Северна Македонија ја сметаат за партнер во поширокиот контекст на евроатлантски интеграции, држава која ги застапува европските ведности, кажа денеска претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

– Тоа е рамка на нашата досегашна соработка втемелена на заедничките вредности. Црна Гора и Северна Македонија бескомпромисно ја застапуваат мултиетничката деморкатија и европскиот системна вредности. Како земја пријател Црна Гора ги следи проблемите со кои се соочува Северна Македонија на патот кон ЕУ. Северна Македонија направи жртва со Преспанскиот договор, но за жал денеска се соочува со нова опструкција на патот кон ЕУБез одлагање треба да почнат преговорите и сметам дека доаѓаат позитивни сигнали од новата бугарска влада дека во првата половина на оваа година за време на француското претседателство тоа ќе се случи– рече Ѓукановиќ.

Тој изрази жалење што денес Северна Македонија се соочува со друга опструкција на патот кон Европската унија.

– Се надевам дека неодамнешните избори во Бугарија сепак отворија една перспектива за договор и отворање јасна и догледна перспектива за Северна Македонија. Црна Гора секогаш отворено се залага првиот чекор во интезивирањето на европската агенда на Западен Балкан да биде без одложување почеток на преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Веруваме дека тоа може да се случи веќе за време на француското претседателство со ЕУ и Црна Гора смета тоа ќе биде голем придонес за вкупната европсика перспектива на Западен Балкан – нагласи Ѓукановиќ.

Според него, за регионот каков што е Западен Балкан исклучително е важен поттикот што треба да дојде од Брисел од другите важни европски политички центри.

– Ситуацијата со Украина треба да придонесе за долгорочна посветеност на европските инстуиции на прашањето за натамошно проширување на ЕУ, односно потполно обединување со што ќе се опфатат и земјите од Западен Балкан – оцени тој.

Црногорскиот претседател изрази задоволство од досегашната билатерална соработка проследена со високо политичко разбирање.

– Постојат сериозни капацитети за унапредување на билатералната соработка пред се во областа на економијата и важна претпоставка за тоа е поквалитетно сообраќајно поврзување и оттука задача на двете влади и држави е да го осмислат полесното поврзување на двете земји – истакна Ѓукановиќ.

Слични содржини