Влада: Ковачевски бил задржан на Инфективната клиника, сега е во добра здравствена состојба

од Nikola Popovski
152 прегледи

Од Владата вечерва за „Локално“ информираа дека премиерот Димитар Ковачевски бил задржан на Инфективната клиника поради болки во стомакот.

-Веројатно дошло до труење со храна. Му беше пружена целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба, истакнаа од Владата.

Вечерва и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека премиерот бил примен на Инфективната клиника со болки во стомакот, но дека сега е во својот дом и во добра здравствена состојба.