Д-р Мојсова: МВР не бара изјави од нас, овде нема лекарска грешка

од Nikola Popovski
398 прегледи

Раководителката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска појаснува дека постојат видливи и невидливи траги на насилство меѓу пациентите.

-Видливите се тие траги што ги гледаме и тие што се опишани на компјутерската томографија и не се отпишани. Тие се дадени на Државен здравствен инспекторат (ДЗИ) и ќе си излезат со соопштение. Се дадени сите изјави на лекарите учесници. Полиција не бара изјави од нас, не се работи за лекарска грешка, вели Мојсова во емисијата „24 анализа“ за приемот на ракометарот Денис Тот во Клиничкиот центар.

Според неа, МВР си прави постапка во однос на сомнителност.

-Немаше потреба од нас да земе нешто МВР. Тоа не е мој дел. Министерот за здравство потегна да се направи инспекција на целиот случај. ДЗИ си собира изјави од лекари и Брза помош, информира Мојсова.

Слични содржини