264
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, приредил свечена вечера во чест на претседателот Стево Пендаровски, кој е во официјална посета на Црна Гора, соопшти Службата за информирање на претседателот на Црна Гора.
„Секогаш се радувам на можноста често да разменуваме мислења со пријателите и луѓето со кои имаме близок поглед за сите предизвици и развој на нашите земји, регионалниот развој и решавањето на геополитичките проблеми и дека можеме да придонесеме за подобро артикулирање на нашите интересите на земјите во овие комплицирани геополитички времиња“, напиша Ѓукановиќ на Твитер.
Како што се додава во соопштението, на вечерта присуствувале и делегациите на двете земји, како и градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ.