Морено: Виљареал мораше да реши се уште на првиот натпревар

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Напаѓачот на Виљареал, Жерар Морено ја прокоментира елиминацијата од Баерн (Минхен) во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Жолтата подморница“ продолжи напред по 1:0 дома и 1:1 во Минхен во реваншот. Противник на Виљареал во следната фаза ќе биде Ливерпул или Бенфика.

„Ние сме среќни. Знаевме дека можеме да го победиме Баерн. Нашиот тим верува во себе и нема непремостливи пречки пред нас. На првиот натпревар погрешивме што не решивме се во наша корист. Сепак, ова не мотивираше за реваншот и денеска постигнавме гол кој ни овозможи да продолжиме понатаму. Досега постигнавме голем успех. Игравме и победивме големи клубови и со надеж го чекаме полуфиналето. Ќе биде тешко, но сега планираме да уживаме во пласманот“, изјави Морено по мечот.

Слични содржини