САД се подготвени да ја разгледаат можноста за снабдување на Украина со оружје од поголем дострел

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Соединетите држави се подготвени да ја разгледаат можноста за снабдување на Украина со оружје со среден дострел, изјави заменик-министерот за одбрана Кетлин Хикс, а пренесува „Гласот на Америка“ на руски јазик.

Хикс тоа го изјави на состанокот со група воени набљудувачи.

„Да, ние продолжуваме да ги разгледуваме видовите на оружје што ги бараат Украинците, во смисла да им дадеме оружје со малку поголем дострел“, рече Хикс на прашањето дали Вашингтон би бил подготвен да размисли за пренос на оружје во Киев, што потенцијално би можело ги погоди воените аеродроми во Русија.