Фудбалерите на Јунајтед не реагираат добро на желбата на клубот да го направи Погба најплатен

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Намерата на раководството на Манчестер Јунајтед да го направи Пол Погба најплатен играч во Премиер лигата за да го задржи Французинот на „Олд Трафорд“ наиде на сериозно незадоволство кај останатите играчи на „црвените ѓаволи“. Се наведува дека клубот на играчот од средниот ред му понудил плата од 400.000 фунти неделно, која со бонуси достигнува и половина милион.

Самиот Погба се уште не ја прифатил оваа понуда, но потегот на клубот предизвика доста негативно расположение во соблекувалната. Според „Мирор“, останатите играчи не мислат дека светскиот шампион заслужува толку огромно зголемување на платата, со оглед на тоа што игра толку ретко и нема грижи да го критикува клубот и да зборува за негово можно заминување.

Незадоволните воопшто не се согласуваат дека придонесот на Погба е таков за да зема двојно поголема плата од повеќето други носители.

Кристијано Роналдо во моментов е најплатениот играч на Манчестер Јунајтед. Португалецот добива околу 450.000 фунти неделно. Следи Де Хеа со 375.000. Санчо и Варан добиваат по 300.000, а Бруно Фернандеш – по 250.000.

Капитенот Хари Мегваер инкасира по 200.000. Сите останати се платени под ова ниво.

Слични содржини