Шилегов за иселувањето на куќарките: Ако во животот не си читал книги, тогаш криви ти се продавачите

од Nikola Popovski
428 прегледи

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов ја коментираше одлуката на Град Скопје откако од таму побараа од корисниците на дрвените куќарки на Кејот „13 ноември“ да ги напуштат истите.

-Ако во животот не си читал(а) книги, стрипови, слушал(а) плочи, тогаш ти се криви книгите, стриповите, плочите или нивните продавачи. Или најчесто (си мислиш) дека не те сакал(а) учителката (учителот), напиша Шилегов.

Еден од продавачите на стари книги и други антикварни предмети во дрвените куќарки за „Локално“ дека барале прием со градоначалничката, но не ги примила, по што поднеле барање.

– Ни дадоа само писмено решение до 21 да се изпразнатне куќарките. Ништо не ни кажаа зошто да ги изпразниме. Бевме вчера во Град Скопје, поднесовме барање до Данела (Арсовска), сега чекаме со Господ напред. Во соопштението од Град Скопје не ни пишува да се дислоцираме, само да ги изпразниме куќарките. Кај го има ова, нека ни кажат кај ќе биде локацијата. Ништо не ни кажаа зошто и како. Проблемот е што никому не му е гружа како ни е. Немаме ни греење, нема ни тоалети, хорор е тука, велат продавачите.

За затекнатата состојба со корисниците на куќарките од Град Скопје за „Локално“ појаснуваат дека лицата се без активни договори со град Скопје од 01.02.2018 година.

Како што информираат од Градот, во следниот период ќе се објави јавен повик каде овие лица и сите останати заинтересирани ќе можат да се пријават за користење на јавни површини, односно користење на куќарките.

Слични содржини