Влада: Со укинување на царините за увоз на сончогледово масло, ќе се обезбеди дополнителни количини и стабилни цени на овој продукт

од Nikola Popovski
197 прегледи

На денешната прес-конференција, владините портпароли информираа дека на вчерашната седница е донесена одлука за укинување на царината за увоз на масло од сончоглед за јадење. Со ова, како што истакнаа, ќе се даде можност до 31 мај годинава да се увезат потребните количини од овој продукт од земји кои не се предмет на повластени царински стапки. Исто така, ќе се обезбедат доволно количини за домашниот пазар и ќе се намали притисокот за раст на цените на овој производ како резултат на глобални трендови.

Портпаролите информираа дека Владата го продолжува и рокот на примена на ограничување за извоз на одделни стоки, до 15 мај годинава. Ограничувањето се однесува на извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед, масла од семе од сончоглед, шафраника или памуково семе, како и извоз на луцерка. Овие стоки, како што подвлекоа, се потребни за преработка и производство на основни прехранбени продукти за граѓаните до новата домашна реколта.

Слични содржини