Како што не беше во ред Синдикатите да служат само за да го слават Први мај по излети, исто така треба да бидат спремни да се ангажираат да го регулираат секторот. Се сложувам дека 18, 20, 24 илјади плати се малку пари, тој минималец, па се претпоставува дека двајца треба да бидат за да може семејството да преживее, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу говорејќи за протестот на СОНК.
Според него, со новиот попис треба да се рационализира образованието.
-Ние сме изгубиле 250.000 резиденти и треба за толку луѓе треба да има помалку услуги во образование и наука. Тие пари кои ќе останат, да ги вратат во образование, да ги зголемат платите. Треба малку здраворазумно да седнат и да преговараат, а не да се мерат кој е појак и кој нема да попушти. Владата е должна да ги обезбеди тие услуги, вработените да ги работат тие услуги и граѓаните да имаат бенефит од тие услуги, рече Муслиу.