Муслиу за „Соравија“: Ако некој мисли дека австриски милијардер може да падне под присилно влијание, тогаш сме велемајстори

од Nikola Popovski

Од другата страна е австриски милијардер.. ако некој има сила да тргува со влијание кај австриски милијардер, тогаш е велемајстор, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за продажбата на ТЦ „Соравија“ во центарот на Скопје на внукот на Али Ахмети и неговата компанија.

Како што вели ги поврзал податоците од медиумите:

-Се работи за Соравија која има долг од 20 милиони евра, од тие 6 се нудат од инвеститорот и сигурно претпоставувам дека младиот Ахмети нашол начин да направи проект со кој приходите од Соравија, ќе почнат да ги исплаќаат долговите. Кај нас никој не се прашува од каде долг 20 милиони евра? Овие пари како што кажаа дека парите се од банка од Албанија. Тој објект не вреди 20 милиони евра, но плаќаат дел од долгот и влегуваат во акции. Ако некој тука мисли дека австриски милијардер може да падне под присилно влијание, тогаш сме велемајстори. Тогаш во Австрија лом ќе правевме, кажа Муслиу синоќа во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини