Во жариштето на корупцијата со 10 000 евра в раце: Имунитетот на судијата е во рацете на Судскиот совет

од Илинка Илиоска

Судијата од Врховниот суд, кој повеќе медиуми го идентификуваа дека е Наке Георгиев, а кој денеска беше уапсен за примање мито од 10 000 евра, има имунитет.  Тој  е префрлен во полициската станица Кисела Вода во Скопје, но може да се повика на имунитетот доколку биде изведен пред судија на претходна постапка.

Георгиев бил пријавен од лице кое тврдело дека му било барано мито за судски случај. Судијата беше и член на Судскиот Совет, но си даде оставка кога за судија беше биран неговиот син.

За непречено водење на кривичната постапка, но и за да му се одреди притвор, доколку тоа го бара обвинител, имунитетот може да му го одземе само Судскиот совет, кој би требало да зесадава набрзо, доколку тоа го побара Кривичниот суд или Обвинителството.

Од МВР предмалку објавија за кое дело е осомничен судијата , кој неофицијално бил уапсен за мито од 10.000 евра.

– Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело `Примање награда за против законито влијание`.
Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител, соопштиjа од МВР.

 

Слични содржини