Мојсова се извини: Згрешив што веднаш не реков дека смртта е многу сомнителна

од Nikola Popovski
568 прегледи

Директорката на болницата КАРИЛ, д-р Маја Мојсова, каде што почина хрватскиот ракометар Денис Тот како последица на повредите здобиени во бруталниот напад, изјави дека нејзината првична изјава за смртта на Тот била погрешно толкувана.

– Згрешив што веднаш не им кажав на новинарите дека смртта е многу сомнителна. Тоа сите го знаевме веднаш, но на телото на Денис Тот навистина немаше траги на насилство или нешто што би укажало на физичка пресметка. Сепак, беше јасно дека тој е здрав спортист и дека приказната не е толку едноставна. Дополнително, токсиколошкиот наод покажа дека Тот не консумирал недозволени супстанци, изјави Мојсова за „Вечерњи лист“.

– Нашиот лекарски тим итно го реанимираше, по 15 минути го вративме во живот, а наодот покажа покачени срцеви ензими и оток на мозокот. Тоа е причината поради која и соопштивме на јавноста дека починал од срцева слабост. Затоа што официјалниот наод тоа го покажа. Само форензичката обдукција ќе покаже како тепањето довело до смртта, додала директорката.

Мојсова во интервјуто ѝ се извини на јавноста за невештото толкување на првичното соопштение од болницата и потенцираше дека ништо не е скриено.

Слични содржини