С. Македонија ќе обезбеди дополнителни количини вештачко ѓубре од Турција

од Nikola Popovski
222 прегледи

Министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски денеска остварил пријателска средба со министерот за земјоделство и шумарство на Турција, Вахит Киришчи.

-На средбата во Анкара ги прецизиравме идните активности за зголемување на трговската соработка, и за обезбедување на дополнителни количини на вештачки ѓубрива за нашите земјоделци. Се согласивме на реактивирање на земјоделската комисија,која не е во функција подолг период, а чија клучна цел е проширување на палетата производи ,на кои би имало намалување на царинските стапки од двете земји, наведе Николовски.

Министерот потенцира дека разговарале и за продлабочување на соработката за моделот на осигурување на којшто во моментов како министерство работат.

Слични содржини