Мојсова: Родителите на ракометарот не веруваа кога им објаснив дека не ја знаеме причината за смртта

од Берта Китинска
437 прегледи

Директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека родителите на починатиот ракометар Денис Тот не верувале кога им објаснила дека не ја знаат причината за смртта.

„Дента јас седев со семејството. Јас ја соопштив тажната вест и седев со нив. И со нив поминав над еден час во кои што стварно сакав да им кажам дека едноставно не ја знаеме причината. За жал не ја знаеме причината за смртта“, вели Мојсова.