Моето барање беше за образовниот процес, до сега имаме 4 неработни денови, имаме изгубено наставни материјали кои треба да се надоместат, ние во овој генерален штрајк повикавме тоа да е последен чекор затоа што ние сега сме со уписен конкурс за во средните училишта, вели во „Студио 10“ министерот за образование Јетон Шаќири.
Тој појасни дека сите знаат како функционираат буџетите и дека сите знаат во какви економски движења е земјата.
-Може и да има настава и да се најде друг начин на покажување на револтот. Кога влегуваш во процес кога се работи да се реши проблемот, мислам дека нема причина за револт. Прашање е дали проблемот ќе се реши за 3, за 5 дена. Зошто децата да се гарант на овој процес, вели Шаќири.
Министерот бара од СОНК да каже што предвуваат за тоа како ќе се продолжи односно како ќе се одвива изгубената настава.
-Штрајкот нека се одвива на друг начин или форма, но настава да има, вели Шаќири.