Нема ништо што не го знаеме. Американците се водат од систематизиран начин и ја презентираа сликата, за да се видиме во огледалото за минатата година. Мојот впечаток од Извештајот е дека има болка со состојбата со затворите, но има одредени позитивни промени во други делови. Тоа што мене ми се чини дека всушност и покрај сите напредоци, не можеме да си дозволиме со пристап „bussiness as usual“. Не можеме да мрднеме со правосудството, судството и корупцијата. Имаме темелен проблем, вели новинарот Сашо Ордановски во eмисијата „Вин-вин“ за последниот Извештај на американскиот Стејт Департмент за почитување на човековите права во Македонија.
Според него, ако во сите меѓународни извештаи се констатира дека партиското мешање е главен проблем во судството, мораме да бираме судии преку општи избори во правната фела.
-Комплетно да се исчистат партиите од судиите. Сега да прашате јавноста што мисли, ќе рече се е наместено и договорено за одредени судски процеси. Цивилна порота да ја носи пресудата и 15 граѓани да оценат. Ваква каква и да е казната, ќе се вели дека ова е наместено. Козметичките промени не даваат резултати. За судии и јавни правобранители да не требаат политики и партии, бара Ордановски.