Нападната и ограбена скопјанка во својот дом

од Nikola Popovski
265 прегледи

Полицијата соопшти дека жена од Скопје пријавила дека била цел на физички напад и грабеж во нејзината семејна куќа.

-На 13.04.2022 околу 15.00 часот во СВР Скопје, Л.М. од Скопје пријавила дека во семејната куќа на подрачјето на Гази Баба едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело пари и лични предмети. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.