МТСП: Невистинити се обвинувањата дека штрајкувачите се заплашувани

од Берта Китинска

Министерството за труд и социјална политика во целост ги отфрла обвинувањата за заплашување на штрајкувачите како невистинити.

Ова го темелат врз основа на фактот што досега до министерството и инспекциската служба, не била пристигната никаква поплака од страна на штрајкувачките одбори или поединечно од учесници во штрајкот за попречувањето во одвивање на штрајкот во предучилишните установи, се наведува во дописот на министерството за труд и социјална политика.

Од таму го потсетуваат синдикатот дека работното време на вработените во градинките е регулирано согласно колективниот договор, а правото на штрајк е регулирано со Законот за работни односи и дека за време на штрајк придонесите се исплаќале врз основа на најниската основица за плаќање на придонесите. Како и тоа дека Законот за работни односи давал можност нето платата за време на штрајк да ја исплати организаторот на штрајкот во случајот синдикатот , потсетуваат од МТСП.

За сите укажувања до градинките , од Министерството посочуваат дека биле во насока на информирање на вработените во градинките како да се однесуваат со децата во услови на штрајк.

Слични содржини