САД не планираат да го вратат запленетиот руски имот

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Вашингтон не планира да го врати имотот конфискуван од руски бизнисмени во рамките на последните санкции воведени кон Москва поради воената операција во Украина, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, пренесе Раша тудеј (РТ).

„Нашата цел не е да ги вратиме“, рече Саливан во говорот во Економскиот клуб Вашингтон, додавајќи дека американските власти ќе го искористат конфискуваниот имот „на подобар начин“.

„Постојат овластувања што ги имаме, а има и други овластувања што можеби ќе можеме да ги развиеме, и тоа е нешто што активно го разгледуваме“, додаде тој.