Србија одобри извоз на два милиона литри зејтин за С.Македонија

од Берта Китинска
274 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски информираше дека Србија донела одлуказа извоз на два милиона литри зејтин во земјава.

-На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата” за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорит, кажа министерот.

Тој рече по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток, храна, брашно и зејтин има, нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата.

-Процесот е почнат, околу 2 000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отвроен Балкан”. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите. Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренусваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Ниоловски.

Слични содржини