Нападнат Израелец во Скопје

од Nikola Popovski
285 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека израелски државјанин бил нападнат во Скопје.

-На 15.04.2022 во 01.38 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.С.(42) од Израел пријавил дека на подрачјето на нас.Аеродром бил физички нападнат од Б.А.(41) и С.У.(37), двајцата од Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, соопштија од полицијата.