Доколку омикрон остане доминантен, ќе има помала потреба од бустер дози, вели д-р Петличковски

од Nikola Popovski
242 прегледи

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски уште еднаш повтори дека интересот за вакцини беше слаб во изминатиот период.

-Тоа е неспорно, но ќе се обидеме да се доближиме до граѓаните, затоа што тие не беа добро информирани. Зошто вакцинација? Затоа што денес е птоврдено дека имунитетот после вакцинација и имунитетот после прелажана болеста после неколку месеци се намалува. Ако во тие неколку месеци се појави нова варијанта, ефикасноста на имунитетот се намалува. Мораме да внимаваме со одржување на доволна ефикасност на имунитет за да се справиме со нов бран. Доколку омикрон остане доминанта варијанта, ќе имаме малку потреба од бустер дози. Доколку се појави нова посилна варијанта, тогаш треба да се размислува за бустер, појаснува докторот.

Според него, оној кој прележал делта варијанта, нема 100% непробоен имунитет и за омикрон варијанта.

-Слично ќе биде и од омикрон и за нова варијанта, рече д-р Петличковски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини