Генчовска: Нема рокови за Бугарија да го крене ветото за Македонија

од Nikola Popovski
181 прегледи

Нема рокови за Бугарија да даде зелено светло за преговори меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, увери бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

По затворената седница на тамошното Собрание, на која зборувала за текот на дијалогот со Скопје, Генчовска ги коментирала наводите за несогласување во владејачката коалиција околу ставот за Македонија.

„Никогаш не сум рекла дека премиерот изразил алтернативна позиција, за тоа секако се разговара во коалицијата, нели, ви го кажувам тоа што го слушам на официјалните средби на кои присуствува и МНР“, кажала Генчовска.

Таа ги негирала повиците за нејзина оставка.

Пратеничката на ГЕРБ и поранешна шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, коментирала дека има јаз меѓу премиерот и МНР околу ставот на Бугарија за членството на Македонија во ЕУ.

„Ова е многу лошо, бидејќи мислам дека Бугарија пропушта златна можност да постигне напредок во барањата во преговарачката рамка“, рече Захариева.

Слични содржини