Со ваквата поставенот во изборните единици, ние сме на граница на уставната одржливост и прашање на момент е кога ќе се прелеа таа чаша и кога ќе мора да се направи нешто за да се нивелираат изборните единици. Една изборна единица го регулира тоа прашање, вели политикологот Гордан Георгиев во емисијата „360“.
Според него, стабилноста на владите е едно од клучните прашања во демократијата.
-Колку граѓаните можат да бидат претставени преку политичките актери и колку таа претставеност, колку што е порашенолика, ќе доведе до нестабилност во Владата? Последните пет години немаме стабилни влади. Од 2008 година, постојано имаме предвремени парламентарни избори. Огромен број од граѓаните сакаат стабилна влада и не сакаат предвремени избори. Тоа е голем период. Ја разбирам партиската логика, но тоа дава чувство на нестабилност. Зошто сакаме да го менуваме тоа? Граѓаните имаат главна недоверба во три политички актери, покажуваат нашите анкети. 89% од граѓаните имаат лошо мислење за партиите, тоа е драматична бројка, а гласаат. Вторите се судството и третиот актер е парламентот. Ова е симптом, кој што е проблем, потенцира Георгиев.