МВР: 193 санкционирани возачи во Скопје, 40 за брзо возење

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за нерегистрирани возила, три санкции за управување под дејство на алкохол…