Битолчани го пречекаа Петков со плакати: „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“ (ФОТО)

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Жителите на битолското село Кравари ја пречекаа бугарската делегација, предводена од премиерот Кирил Петков, со големи плакати со навредливи пораки. Протести имаше и во неколку други села, како и во самата Битола, со зголемено полициско присуство во градот.

„Гоце = Македонија“, „Фашисти пресоблечени во администратори“, „Кога ќе признаеш дека има Македонци во Бугарија?“, „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“, се натписите само на дел од транспарентите.

Премиерот Петков, потпретседателката на нашиот источен сосед – Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и пратеници од власта и опозицијата се во посета на Република Северна Македонија на официјалното отворање на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

„Мора да се заштитат правата на Бугарите во Република Северна Македонија“. Ова го изјави Кирил Петков пред новинарите во Битола и упати честитки до бугарската заедница во земјава и нагласи дека денешната посета, заедно со претставници на други институции и политички партии, ја покажува посветеноста на нашата земја.

„Не можеме да играме меѓупартиски за ова прашање, мора да играме национално. Мораме да имаме обединување, но не само во Бугарија, туку обединување заедно со Бугарите во Северна Македонија. Тие се мостот меѓу двете земји и нивните права мора да бидат заштитени“, прокоментира Петков.

Според премиерот, Бугарија има интерес еден ден Република Северна Македонија да биде дел од Европската Унија, но во оваа фаза правата на неговите сонародници тука „не се целосно заштитени“.

„Оваа тема не можеме да ја користиме за внатрешно-политички цели“, нагласи Кирил Петков.

Тој истакна дека постои добра комуникација меѓу Бугарија и Северна Македонија и ги повика сите институции да работат синхронизирано на ова прашање за да има „мир и стабилност“ на Балканот.

„Мојата цел е да им вдахнам доверба на Бугарите во РСМ и да направам се што е можно тие да бидат вклучени во Уставот на оваа земја. Истиот став го имаме и со премиерот. Тој мора да ја обедини својата позиција со својата тим за надворешна политика“, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

„Министерството за надворешни работи ја спроведува официјалната политика на Бугарија кон РСМ, според рамковната позиција со поддршка на Националното собрание. Тоа не може да не помине без надворешен притисок, се надевам на разбирање и поддршка од нашите сојузници. Очакваме колегите од Република Северна Македонија да ги исполнат нивните заложби за спроведување на Договорот. Очекуваме конкретни резултати“, додаде таа.

Слични содржини