Лацио веќе бара замена за Милинковиќ-Савиќ

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Лацио веќе работи на пронаоѓање замена за својата ѕвезда Сергеј Милинкович-Савич. Србинот речиси сигурно ќе биде продаден на лето, а интересот за него е огромен. Затоа од „Олимпико“ им се брза да го обезбедат неговиот наследник. Според информациите на Corriere dello Sport, клубот го насочил вниманието кон играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Леандер Дендонкер.

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре лично ги следел настапите на 27-годишниот Белгиец и бил импресиониран од она што го видел. Фудбалерот по дефиниција е централен играч за врска, но може многу успешно да игра и како дефанзивен играч за врска, па дури и како централен дефанзивец. Ова може да биде доста корисно и за „Орлите“ доколку одлучат да го привлечат во своите редови.

Договорот на Дендонкер со „Волците“ е до 2023 година и на лето клубот мора да одлучи што ќе прави со него. Нема да биде изненадување доколку Британците се согласат да го продадат со доволно атрактивна понуда. Во моментов неговата пазарна цена е околу 30 милиони евра.

Дендонкер беше донесен во Вулверхемптон од Андерлехт во 2018 година, прво на позајмица, а потоа и трајно. Досега има 149 натпревари и 11 голови и 4 асистенции за Вулвс.

Слични содржини