230
„Во интерес на учениците и нивниот образовен процес, наставата мора да продолжи да се одвива непречено. Нарушување на наставата може негативно да се одрази врз учениците и воспитно – образовниот процес“, вели денеска на прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
Отсуството од наставата, истакнува тој, може да доведе до пролонгирање на школската година, негативно да влијае врз уписите, како и врз полагањето на стручен испит за околу 500 наставници.
Правото на штрајк е загарантирано, но интересот на децата мора да биде на прво место и до решение да се дојде преку дијалог, дециден е Коциќ.