Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се сретна со претседателот на клубот Флорентино Перез во петокот, пишува „Марка“.
Се разговарало за можно засилување на тимот, но газдата јасно ставил до знаење дека набавките се можни само во случај на продажба на други играчи.
Во исто време, мадридскиот клуб е уверен дека благодарение на продажбата на голем број играчи може да заработи од 75 до 100 милиони евра, не сметајќи го заминувањето на Марсело, Иско и Герет Бејл како слободни играчи, што ќе ослободи средства од буџетот за плата.
Шпанскиот колос е заинтересиран за играчот од средниот ред на Монако, Орелијан Чуамени, но пред тоа треба да договори излезни трансфери.
На средбата се зборувало, според медиумот, и за привлекувањето на напаѓачот Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, што клубот го смета за прашање на време.